Супер дерби: Четири гола во вториот дел за „реми“ меѓу Струга ТЛ и Шкупи (ВИДЕО)

Двете најдобри екипи во моментов Струга ТЛ и Шкупи, одиграа еден од најубавите натпревари сезонава, завршувајќи нерешено на крајот 2-2. Двата тима се „истурија“ во второто полувреме со голови, а мечот имаше динамика, двата тима се менуваа во поседот, имаше и шанси, Струга ТЛ нешто повеќе од противникот, на почетокот и промашен пенал, па на крајот и пречка, за на крајот двата тима да освојат само по бод.

Струга ТЛ тргна агресивно уште на стартот, па во 2. минута имаше можност од пенал да се израдува. Одлична акција, Шабани излегува сам пред Иљази, во миговите кога сакаше да го мине, беше срушен. Но, Бесарт Ибраими шутираше, а Иљази одбрани и се извади за направениот пенал. Првиот дел се играше тврдо, па така во финишот уште само една прилика преку Радески, кој шутираше директно во Иљази.

Затоа во вториот дел стрелците се разбудија, а во 54. минута Шабани погоди во мрежата на Ќосевски по додавање на Ибраими од десната страна.

Сепак, во 66. минута „од нигде“ Шкупи успеа да израмни. Гронер повторно стрелец, најдобро се снајде во шеснаесетникот и го совлада Ќосевски.

Но, само две минути подоцна нова предност за стружани. Грешка во одбраната на Шкупи, па Ибраими со нова асистенција, овој пат до Радески кој погоди во празната мрежа, откако Иљази беше излезен.

Руатубјае во 74. минута се уфрли во нападот, и тоа беше вистински потег. Стоперот се најде на вистинско време, и со удар од 20 метри го совлада Ќосевски за ново израмнување.

Возбудувањата не изостанаа ниту во финишот, па така о 82. минута Радиќ ја погоди пречката од голот на Иљази, а најдобрата шанса за Шкупи ја имаше Џемал Ибиши кој одкосо од лево шутираше, но неговиот удар беше одбранет од Ќосевски во корнер за крај на сите надежи дека некој тим може да дојде до победа.

ПМФЛ, 20. КОЛО

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 2-2 (Шабани 54′, Радески 68′ – Гронер 66′, Руатубјае 74′)

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...