Супер финале во Париз: Швјонтек се издигна од мртвите и ја одбрани титулата на Ролан Гарос

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја одбрани титулата на Ролан Гарос со победата во финалето над Каролина Мухова од Чешка во извонреден меч со многу пресврти.

По три часа игра Швјонтек дојде до триумфот дури со пресврт во трет сет, иако одлично го почна натпреварот добивајќи го првиот сет со 6-2.

Но, во вториот сет Мухова беше одлична и го доби со 5-7.

Третиот сет повторно почна во знакот на Мухова која поведе со 0-2, Швјонтек потоа се врати за да Мухова повторно направи брејк за 3-4 и имаше сервис. Но, полската тенисерка одлично успеа да се спаси за конечно да го добие третиот сет со 6-2 и триумф на Ролан Гарос.

Ова е четвртиа гранслем титула за Ига Швјонтек.

Се вчитува...