Одлична „генералка“ за Ренова: Триумф од 7-1 против Тетекс

Фудбалерите на Ренова на најдобар можен начин ги заокружија централните подготовки за пролетниот дел од шампионатот триумфирајќи на „генералката“ со убедливи 7-1 против второлигашот Тетекс.

По два гола за „гипсарите“ постигнаа Влатко Стојановски и Биљали, а по еден новото засилување Мбела, како и Гафури и Миовски.

Тетекс, вчера, го промовираше и најновото засилување за пролетниот дел, 18-годишниот голман Берк Хоџин кој доаѓа на позајмица од Работнички.

Во првото пролетно коло следниот викенд (17. февруари) Ренова гостува во Скопје против ФК Работнички.

Се вчитува...