Супер-гол на Енис Барди за пресврт-победа на Трабзонспор (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди постигна супер-гол со шут од 18 метри за Трабзонспор најавувајќи ја на тој начин пресврт-победата на неговиот тим од 4-2 против Газиантеп во 34. коло од турскиот шампионат.

Барди кој беше стартер за Трабзонспор на дуелот пред своите навивачи, погоди мајсторски со прекрасен шут надвор од шеснаесетникот во 65. минута за израмнување на резултатот на 2-2 во тие моменти.

Трабзонспор имаше негатива од 0-2 по првото полувреме, но потоа блесна за триумф. Останатите три гола за Трабзон ги постигна Онаучи, кој, пак, асистираше на Барди за голот за 2-2.


Ова е петти гол за Барди сезонава во шампионатот на Турција.

Се вчитува...