Супер-гол на Каланоски, Силекс има предност во Битола во полуфиналето од Купот (ВИДЕО)

Силекс има предност од 0-1 во Битола против Пелистер по првото полувреме во полуфиналето од Купот на Македонија. На вториот полуфинален натпревар меѓу Струга ТЛ и Македонија ЃП во Струга без голови по првите 45 минути.

Кратовци, низ главно израмнет натпревар, до предноста дојдоа благодарение на одличниот напад и прекрасниот погодок на Каланоски во 36. минута.

Во Струга, пак, домашните имаа одлична шанса да дојдат до предност но шутот на Босанчиќ од слободен удар од околу 18 метри во 39. минута заврши сантиметри над дирекот од голот на Македонија ЃП.

Се вчитува...