Супер-гол на Оливеира, Порто и со играч помалку го елиминираше Јувентус (ВИДЕО)

Порто ќе игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите елиминирајќи го Јувентус во драматичен натпревар во Торино, кој заврши со триумф на „Старата дама“ од 3-2 по продолженијата. Но, поради гол повеќе на гостински терен, по онаа прва победа од 2-1 на на свој терен, Порто продолжува понатаму во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Голот за пласман во четвртфинале за Порто го постигна Сержо Оливеира дирктно од слободен удар во 115. минута.

 


Јуве во 117. минута преку Рабио успеа да стигне само до пирова победа од 3-2.

Претходно, во регуларниот дел Јувентус имаше 2-1 против португалскиот тим кој со идентичен резултат, пак, славеше на првиот натпревар.

Порто поведе на дуелот во Торино со голот на Оливеира од пенал во 19. минута, но Киеза проработе во второто полувреме кај Јувентус и со два гола, во 49. и во 63. минута, донесе доволни 2-1 за продолжение.


Порто од 54. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Иранецот Мехди Тареми.

Јувентус во 91. минута постигна погодок, но по прегледување на ВАР-системот оправдано беше поништен поради офсајд позиција.

Се вчитува...