Супер гол на Спировски за Ференцварош, за триумф против Макаби ТА… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски го води унгарскиот Ференцварош кон триумф против израелскиот Макаби Тел Авив во првото квалификациско коло за Лигата на Европа.

Спировски на мечот во Будимпешта постигна убав погодок во 61. минута со шут од околу 15 метри, по кој Ференцварош на десеттина минути пред крајот на натпреварот има водство од 1-0…

Се вчитува...