Супер-купот за Борусија Дортмунд, Баерн остана со празни раце

Борусија Дортмунд најави суперинтересна сезона во Бундес-лигата откако „милионерите“ во Супер-купот на Германија го совладаа актуелниот шампион Баерн Минхен со 2-0.

Двата големи ривали водеа жестока трка за титулата минатата сезона во која Баерн подобро финишираше и се закити со трофејот, но Борусија со одличното издание на денешниот дуел само докажа дека има потенцијал за повторно да го предизвика најтрофејниот германски клуб.

Дуелот беше решен во второто полувреме, Борусија поведе со прецизниот удар на Пако Алкасер од работ на шеснаесетникот, а откако Баерн тргна во офанзива „милионерите“ ги поставија конечните 2-0 со извонредниот контранапад што Санчо го претвори во гол.

Се вчитува...