Супер-лигата тргнува од Аеродром

Со одигрувањето на последниот меч меѓу Карпош соколи и Охрид и дефинитивно беше завршен регуларниот дел од кошаркарскиот шампионат, по кој и 12-те екипи се разделени за финишот од сезонава, првите шест ќе се борат за титулата во Супер-лигата, а останатите шест ќе настојуваат да обезбедат опстанок преку плејаут натпреварувањето.

Веќе се познати и термините за одигрување на првите средби од Супер-лигата, па така ова натпреварување ќе стартува од Аеродром и СЦ „Јане Сандански“, каде МЗТ Скопје утре со почеток во 17.45 часот ќе го пречека составот на Куманово. Петнаесет минути подоцна, во 18 часот Гостивар ќе биде домаќин на Блокотехна, додека Работнички по 22-те победи во низа во Првата лига, ќе се обиде во ист стил да продолжи и на гостувањето во Охрид, меч закажан за недела со почеток во 17 часот.

Во првото коло од плејаут лигата ќе се сретнат: Пелистер – Шкупи (сабота, 18 часот), Струмица – Фени индустри (недела, 17 часот) и Карпош соколи – Кожув (недела, 20.30 часот).

Се вчитува...