Супер-малер: Азар мора да оди на нова операција

Еден Азар го очекува нова пауза од фудбалските терени откако беше обелоденето дека белгискиот крилен офанзивец мора повторно да замине на операција.

Азар се мачи со незгодна повреда на скочниот зглоб, при претходниот хируршки зафат му беше вметната и метална плочка што Белгиецот инсистираше што поскоро да му биде извадена. Иако лекарскиот тим на „кралевите“ се спротивставуваше на ова негово барање со образложение дека операцијата треба да биде извршена во текот на летото, на крајот сепак беше дадено светло Азар да биде опериран најдоцна до крајот на месецот.

Вообичаената пауза при ваков вид на повреди изнесува четири до пет седмици, па јасно е дека Азар ќе го пропушти четвртфиналниот двомеч од Лигата на Шампионите против неговиот поранешен клуб Челси.

Белгискиот офанзивец заработува 15 милиони евра по сезона, па јасно е зошто во ситуација кога воопшто не е стандарден првотимец челниците на Реал се надеваат дека ќе го продадат во текот на летниот преоден рок.

Се вчитува...