Супер меч на „Бернабеу“ и трансфер на животот: Пеп Гвардиола го сака Тадиќ!?

Потег на кариерата на српскиот фудбалер Душан Тадиќ беше минатогодишната преселба од Саутемптон во Ајакс. Србинот игра одлична сезона во дресот на амстердамскиот гигант, сега и најзаслужен за големата победа на неговиот тим против Реал Мадрид и пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Па, тој еден меч може да биде и одлучувачки за негов трансфер на животот. Англиските медиуми пренесуваат дека во 31-та година од животот веќе му се подготвува сензационален трансфер. Пеп Гвардиола веќе контактирал со агентите на Србинот сакајќи да го донесе во Манчестер сити за сума од 30 милиони евра.

Тадиќ сезонава има феноменален учинок во дресот на Ајакс. Одигра вкупно 40 натпревари во сите натпреварувања со 26 постигнати голови и 15 асистенции.

Се вчитува...