„Супер-Ноле“ – Ѓоковиќ му дозволи само два гема на Нишикори

Новак Ѓоковиќ сигурно маршира кон златниот медал на Летните олимписки игри во Токио. Србинот во четвртфиналето на домашниот тенисер Кеј Нишикори му дозволи само два гема, добивајќи го со максимални 2-0 (6-2 и 6-0).

Во ниту еден момент од мечот Јапонецот не можеше ни да помисли дека може да го загрози првиот рекет на светот кој дојде на само два меча до испишување на историја, бидејќи ако го освои златниот медал ќе стане првиот тенисер кој ги има освоено сите гранд-слеми и мастерси, но и најсјајното одличје на Олимписките игри.

Во полуфиналето Ѓоковиќ за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Германецот, Александар Зверев и Французинот, Жереми Шарди

Се вчитува...