Супер-пресврт на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед со голем пресврт стигна до триумф од 3-2 против Њукасл на „Олд Трафорд“. Жозе Мурињо и фудбалерите беа на дното, губеа со 0-2 по само десет минути игра, но потоа се издигнаа и стигнаа до голема победа. Ова е одговор и за најавите дека Португалецот би можел да добие добие отказ.

Кенеди во седмата минута го шокираше домашниот тим, а Јошинори Муто само три минути подоцна зголеми на 0-2.

Но, во вториот дел излезе на теренот некој нов Јунајтед. Мата од слободен удар намали, Антони Марсијал во 76.минута израмни на 2-2, а Алексис Санчез во 90.минута постигна погодок за триумф.

Се вчитува...