Супер-професионалец и на 36 години: Пандев на тренинг два дена пред сите останати

Горан Пандев уште еднаш потврди дека е беспрекорен професионалец и на 36-годишна возраст, откако македонскиот капитен се појави на подготовките на Џенова два дена пред сите останати фудбалери.

Договорот на тимот беше паузата за божиќните празници да заврши на 29 декември, кога сите фудбалери треба да се појават во тренинг-центарот, но Пандев ги изненади присутните откако утрово се појави прв, сам тренирајќи во салата.

„Фактот дека екс-фудбалерот на Интер сака напорно да работи кажува многу. Огромна ќе биде неговата улога во обидот за прекинување на слабите резултати“ – пишуваат локалните медиуми од Џенова.

Во меѓувреме, претседателот Пречиози ја продолжува потрагата по нов тренер на Џенова. Според последните информации, сега оваа функција му е понудена на Давиде Никола, кој во следните 24 часа ќе треба да одговори на понудата од првиот човек на клубот.

Се вчитува...