Супер-Стeрлинг: Хет-трик за лесна победа на Сити… (ВИДЕО)

Манчестер сити очекувано стигна до лесна победа од 3-1 против Ватфорд во 30. коло од Премиер лигата на тој начин, и по ова коло, задржувајќи си ја челната позиција во Англија.

Триумфот на „граѓаните“ е благодарение на расположениот за голови, Рахим Стeрлинг кој ги постигна сите три погодоци за својот тим. По првото полувреме без голови, Стерлинг погоди во 46. во 50. и во 59. минута за Манчестер сити…



Ватфорд успеа единствено да постигне почесен погодок преку Делофеу во 66. минута од средбата.

Манчестер сити сега има 74 бода на врвот од табелата, пред Ливерпул кој е со 40 бода и натпревар помалку, оној утрешниот против Барнли.

Се вчитува...