Супер-тандем: Серена би играла со Мареј во двојки на Вимблдон

Серена Вилијамс вели дека е „слободна“ да му биде партнерка на Енди Мареј за турнирот во мешани двојки на Вимблдон. Британецот кој по тешката операција на колкот му се врати на тенсот, дури и освои титула во двојки на тунирот во Квинс и натаму е во потрага по партнерка за грен-слемот во Лондон. Го обија неколку од најдобрите тенисерки во светот меѓу кои и првата на АТП листата и освојувачка на титулата на Ролан Гарос, Ешли Барти.

Серена Вилијамс оваа година одигра само пет турнири поради повреда на коленото. 23-кратната освојувачка на грен-слем титули вели дека се чувствува подобро во пресрет на Вимблдон кој почнува в понеделник.

Американката веќе има една титула во мешани двојки на Вимблдон освоена во 1998 година во тандем со Белорусинот Макс Мирњи, но во последниве годни нема настапувано на турнирот во ваков формат.

Се вчитува...