Иван Тричковски имаше извонреден камбек на терените откако со два гола го предводеше тимот на АЕК Ларнака до победа над Аполон, во плеј-оф лигата за титула во кипарскиот шампионат,
Македонскиот напаѓач поради повреда ги пропушти последните средби на националниот тим, но со голем стил се врати во својот клуб, постигнувајќи два гола против исклучително силен ривал. Тој најпрвин го отвори резултатот во 6. минута, а откако Аполон израмни на 1-1, Македонецот биеше прецизно и во 73. минута, за голема победа над второпласираниот тим на табелата.
АЕК Ларнака со овие три бода се израмни на третото место на табелата со АЕЛ Лимасол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА