Супер-успех: Фернандо Алонсо победи на „24 часа Ле Ман“

Фернандо Алонсо оствари извонреден успех откако во својот прв обид успеа да стигне до победа на легендарната трка „24 часа Ле Ман“. Шпанскиот возач испиша историја и за тимот на Тојота, кој по 20 години конечно се изарадува на првата победа на ова натпреварување.

Алонсо настапи во тим со поранешните Ф1 возачи Себастијан Буеми и Казуки Накаџима, па по бројни возбудувања во изминатите 24 часа на крајот заслужено се израдува на големиот успех. Клучниот предизвик беше надминат синоќа, кога шпанскиот тркачки великан успеа да ја надополни негативата од над две минути во однос на лидерите на трката, за на крајот неговиот тим да се радува на фантастична победа.

Фернандо Алонсо сега се наоѓа на само еден чекор до „тројна круна“ во светот на автомобилизмот, за која по победите на трката за ГН на Монако во Формула 1 и на „24 часа Ле Ман“, сега му недостига само триумф на „Индијанаполис 500“.

Единствениот возач во историјата кој успеал да тримфира на овие три трки е Британецот Грем Хил.

Се вчитува...