Супер вест од Севилја: Серхио Рико се разбуди од кома!

Одлична вест пристигнува од Севилја, откако сопругата на Серхио Рико обелодени дека шпанскиот голман конечно излегол од кома, по значителното подобрување на состојбата во изминатите денови.

Шпанскиот голман страдаше по тежок пад од коњ на 28 мај, лекарите најпрвин едвај се изборија за неговиот живот, по што Рико неколку седмици беше во кома. За среќа, најлошото веќе мина, па чуварот на мрежата на ПСЖ од денеска е свесен.

„Конечно, гледаме светло на крајот на тунелот. Ќе одиме чекор по чекор, од стартот знаев дека ќе се извлече, бидејќи е роден шампион“, изјави Алба Силва, сопругата на голманот.

Се вчитува...