Супер вест од Шпанија – Енис Барди се враќа на терените викендов

Енис Барди конечно ги надмина проблемите со повредата што го мачеа повеќе од еден месец, по што македонскиот плејмејкер е подготвен за камбек на терените веќе овој викенд, на дуелот меѓу Севилја и Леванте.

Барди, кој е „во аут“ уште од средината на септември и повредата заработена на мечот меѓу Македонија и Романија, денеска конечно издржа цел тренинг на Леванте. Лекарскиот тим даде зелено светло за негов камбек, а во ситуација на голема резултатска криза тренерот на тимот е решен да го вклучи Македонецот во тимот што ќе патува за Севилја.

Според првичните најави, Барди ќе стартува од клупата за резерви, но се очекува тој да влезе во игра во второто полувреме.

Она што е најважно за нас е што одличниот играч за врска ќе има доволно време за да влезе во натпреварувачки ритам до следниот квалификациски прозорец и пресметките со Исланд и со Ерменија.

Се вчитува...