Капитенот Стојанче Стоилов повторно ќе го облече дресот на Вардар на денешниот натпревар против Кил. Македонскиот репрезентативец неколку месеци беше „во аут“ по незгодната повреда што ја влече подолго време, но успеа да ги надмине проблемите и му се стави на располагање на тренерот Писонеро.
Нема дилема дека Стоилов ќе им биде од огромна помош на „вардарци“ во обид да се задржат на првото место во тешката група од елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА