Баерн игра одлично од стартот на сезонава во која баварскиот гигант ниже победи во сите натпреварувања, а навивачите имаат нова причина за задоволство – откако Џамал Мусиала направи значаен чекор напред во рехабилитациската програма по хорор повредата заработена за време на клупскиот мундијал летово.
Германскиот репрезентативец имаше скршеница на ногата и се најавуваше дека ќе се врати на терените следната година, но Мусиала одлично се рехабилитира и денеска за првпат одржа краток тренинг на терен на тренинг-комплексот на Баерн.
Тој минал околу 25 минути на теренот, дел од тој период работел со Гнабри кој исто така се опоравува од повреда, а лекарите се воодушевени од напредокот на Мусиала. Иако стручниот штаб нема намера да избрзува со неговиот камбек, информациите од Германија говорат дека одличниот офанзивец кон крајот на следниот месец би можел да почне да тренира со соиграчите, по што во декември и би се вратил на терените.
“𝗦𝗧𝗘𝗣 𝗕𝗬 𝗦𝗧𝗘𝗣” 🚶♂️
Jamal Musiala is back on the training pitch for the first since his injury! 💪 pic.twitter.com/IOSfUnGQ5d
— FC Bayern (@FCBayernEN) October 23, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

