Супер вест за Барса – се враќа Тер Штеген

Барселона ќе биде сериозно засилена за наредниот дел од сезоната откако Марк Андре тер Штеген ги надмина проблемите со повредата и доби зелено светло за настап на утрешниот дуел со Хетафе.

Тер Штеген поради незгодна повреда на тетивата мораше да биде опериран на 17 мај, поради овој проблем не настапи ниту на ЕВРО 2020, но откако ги мина сите неопходни тестови конечно добиб шанса за камбек на теренит. Нето беше голманот што го заменуваше Германецот додека беше отсутен, но за Куман нема дилема – Тер Штеген е прва опција за стартен голман на Барса и во оваа натпреварувачка сезона.

Заедно со германскиот голман пробоблемите со повредата ги надмина и Оскар Мингуеза, кој исто така се најде на списокот на играчи за мечот со Хетафе.

Се вчитува...