Супер вест за Грција: Адетокумбо нема сериозна повреда

Кошаркарската селекција на Грција досега обезбеди пет победи на пет натпревари и на тој начин ја заврши групната фаза, но во последниот натпревар остана без ѕвездата Јанис Адетокумбо.

Еден од најсериозните кандидати за МВП на турнирот го свитка зглобот и ги загрижи сите меѓу „хелените“. Сепак, последните информации кои доаѓаат од таборот е дека неговата повреда не е сериозна.

Јанис Адетокумбо ќе ѝ помогне на Грција и во следната фаза на турнирот. Во осминафиналето, првата пречка во нокаут-рундата на Евробаскетот, нашиот јужен сосед игра против репрезентацијата на Белгија.

Се вчитува...