Супер вест за Интер: Најдобриот фудбалер потпиша нов договор

Милан Шкриниар беше најдобар фудбалер на Интер сезонава, предводејќи ја одбраната во периодот кога нападот предводен од Икарди и Перишиќ се соочуваше со големи проблеми на играчки, но и на меѓучовечки план. За услугите на словачкиот ас се интересираа Манчестер Јунајтед, Барселона и Баерн Минхен, па токму затоа „нероаѕурите“ денеска имаат причина за радост откако тој и официјално потпиша нов договор со клубот од Милано, со важност до 2023 година.

„Заедно, бидејќи заедно сме посилни. Милан Шкрињар и Интер имаат исти цели зацртани пред себе и затоа ја продолживме соработката до 30 јуни 2023 година“ – се вели во соопштението на „нероаѕурите“.

Милан Шкрињар е член на Интер од 2017 година, кога пристигна на „Џузепе Меаца“ од редовите на Сампдорија.

Се вчитува...