Супер вести од Фиренца: Бове ја напушти интензивната нега

Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове, ја напушти интензивната нега и се опоравува откако колабираше на теренот за време на натпреварот против Интер во Серија А пред четири дена, соопшти клубот од Фиренца.

Сепак, тој ќе остане во болница, но во друг оддел се додека лекарите не дадат зелено светло за домашно лекување.

Соиграчите, стручниот штаб и навивачите на Фиорентина му покажаа поддршка на Бове за време на вчерашниот натпревар од Купот со Емполи. Навивачите направија кореографија со бројот четири што го носи Бове во Фиорентина, додека играчите и стручниот штаб му испратија порака на поддршка на 22-годишниот играч од средниот ред со транспарент пред натпреварот.

Голгетерот за Емполи, Емануел Еконг му оддаде почит на Бове, кревајќи четири прсти кон публиката, а истото го направи и Мојс Кен од Фиорентина откако го постигна голот. По подоброто изведување на пенали, Емполи се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија.

Се вчитува...