Супер вести за Реал: Бензема ќе биде стартер против ПСЖ (ФОТО)

Карло Анчелоти одлучил да го игра Бензема како стартер против ПСЖ и покрај тоа што напаѓачот штотуку се враќа од повреда. Бензема ги пропушти последните три натпревари на Реал Мадрид порди повреда, но сега е во тимот.

Според „АС“, Французинот вечерва ќе биде стартер против ПСЖ. Мадридскиот весник излезе и со прогноза на составот на Реал Мадрид.

Бензема ќе биде прв напаѓач, а странично друштво во офанзивата ќе му прават Винисиус и Асенсио, во средниот ред ќе бидат Крос, Модриќ и Касемиро. На бековските позиции ќе бидат Карвахал и Менди, Куртоа ќе биде на голот а пред него Милитао и Алаба.

Се вчитува...