Супер-забава на последниот тренинг: Капитенот Пандев главен аниматор (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските репрезентативци во одлична атмосфера го одработија последниот тренинг пред утрешниот квалификациски натпревар со Израел за пласман на ЕП 2020.

Специфични тренинг активности сервираше селекторот Игор Ангеловски заедно со стручниот штаб, повеќе како забава за фудбалерите пред финалната тактичка подготовка за мечот против Израелците. А, тука во прв план капитенот Горан Пандев со секогаш дополнителна анимација на соиграчите.

Силна е вербата во репрезентативните редови дека може да се дојде до триумф на последниот натпревар од квалификациите со кои би се обезбедила и третата позиција на табелата.

 

 

Се вчитува...