Српскиот првак Црвена Звезда, кој по 26 години повторно ќе игра во Лигата на шампионите, значително се засили во последниот ден од летниот преоден рок. Германскиот интернационалец Марко Марин е најзвучното име кое пристигнува на „Маракана“. Тој потпиша тригодишен договор со „црвено-белите“, а доаѓа од Олимпијакос, каде играше од 2016 година. Претходно, Марин играше и за Борусија Менхенгладбах, Вердер Бремен, Челси, Севилја, Фиорентина, Андерлехт и за Трабзонспор.
Покрај Марко Марин, Црвена Звезда успеа да го врати од Кина напаѓачот Ричмон Боачи, а потпис стави и Горан Чаушиќ. Со ова, раководството на Црвена Звезда го засили тимот во пресрет на настапите во групите од Лигата на шампионите. Српскиот тим е во група со Ливерпул, Наполи и со ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА