Супер засилување за Работнички: Бугаринот Дилгеров со потпис до јуни 2019

Работнички стартуваше со засилувањата за пролетниот дел од шампионатот во кој еден од најдобрите македонски клубови ќе брка европски излез. Како што дознава ЕКИПА, ново име на „романтичарите“ е бугарскиот интернационалец Николај Дилгеров, поранешен фудбалер на ЦСКА Софија, Славија, Лудогорец, Локомотив Пловдив и израелскиот Хапоел Ирони.

30-годишниот Дилгеров, кој ќе го засили средниот ред, е поранешен младински репрезентативец на Бугарија, а во Работнички доаѓа од редовите на Царско село каде настапуваше во првиот дел од сезоната.

Македонскиот клуб и Дилгеров веќе се договорени за шестмесечна соработка, до јуни 2019 година, со можност за продолжување на истиот.

Работнички подготовките за пролетниот дел ги стартува на 8. јануари кога и бугарскиот интернационалец се очекува да се приклучи на тимот.

Се вчитува...