Супер ждрепка за Шкендија: Против естонски Номе Калју во ЛШ

Македонскиот шампион Шкендија ќе игра против естонскиот шампион Номе Калју во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Денешната ждрепка во Нион сакаше Шкендија да го добие најлесниот можен противник, па сигурно македонскиот тим очекува лесен пласман во следната рунда натпревари.

Првиот натпревар тетовци ќе го играат на 9. јули на гостински терен во Естонија, додека реваншот е на 16. јули во Скопје.

Се вчитува...