Супер-жени: Ракометарки туркаа автобус од 15 тони наместо да тренираат (видео)

Ракометарките на Подравка покажаа исклучителен тимски дух откако со заеднички сили успеаја да помрднат автобус тежок околу 15 тони заглавен во снегот, на нивното патување од Хрватска до Романија.

Хрватските шампионки треба да учествуваат на турнир во Брашов што стартува на 18 декември, но со оглед на временските (не)прилики во регионот решија порано да тргнат на пат. Тоа се покажа како вистински потег бидејќи набрзо по тргнувањето клупскиот автобус заглави и не можеше да се помрдне.

Тренерот Сарачевиќ почна да го чисти просторот околу тркалата, а девојките се претворија во „супер-жени“, успевајќи да го помрднат автобусот за да можат да продолжат со патувањето.

„По вечерата наместо тренинг нашите девојки мораа да им помогнат на возачите да го продолжат патувањето. Девојките дадоа се од себе и го помрднаа автобусот тежок 15 тони, ова е авантура што сигурно на сите ќе ни остане во долго сеќавање“ – се пофалија од Подравка.

Се вчитува...