Суперкомпјутер избра кој има најголеми шанси во ЛШ, ПСЖ е далеку зад фаворитите

Се е подготвено за почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите, а стартот на возбудувањата во елитното европско натпреварување е повод и за прогнози дали Челси ќе успее да се задржи на врвот и кои екипи се главни фаворити за искачување на врвот на фудбалска Европа.

Во прогнозите традиционално се вклучува и суперкомпјутер, кој создава алготритам во зависност од вредноста и моментната форма на тимот, па потоа ги прогнозира сите натпревари од групната фаза, па се до големо финале.

Според овој суперкомпјутер, главен фаворит за титулата е Манчестер Сити, кој има 16% шанси да сигне до својата прва европска круна во клупската историја.

На второто место се наоѓа Баерн Минхен со 11% шанси, пред Челси со 10% и Ливерпул со 9% шанси за кревање на пехарот во Лигата на Шампионите. На Барселона и се даваат 8%, на Реал Мадрид 6%, а на Манчестер Јунајтед само пет проценти.

Најголемо изненадување сепак е ПСЖ, францускиот гигант создаде дрим-тим со неколкуте мегатрансфери, но според суперкомпјутерот „светците“ имаат само 4% шанси за успех во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...