Суперкупот на Италија повторно во Саудиска Арабија

Натпреварот од италијанскиот Суперкуп меѓу Јувентус и Лацио на програмата е на 22. декември, а негов домаќин ќе биде главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Дуелот меѓу шампионот на Италија и освојувачот на националниот куп повторно ќе се игра во Саудиска Арабија, откако на истото место се играше и претходно издание.

Во јануари годинава во Џеди се сретнаа Јувентус и Милан, а „старата-дама“ славеше со голот на Кристијано Роналдо. Токму актуелниот италијански шампион годинава повторно ќе има шанса да го освои трофејот кој само во италијанското првенство се игра на крајот на годината, а не на почетокот на новата сезона како што е случај во најсилните лиги во Европа.

 

Се вчитува...