Суперлига: Еурофарм Пелситер 2 го доби дербито во Охрид

Еурофарм Пелистер 2 во крајно тежок натпревар го доби дербито со Охрид, откако на гостински терен успеа да слави со резултат од 25-28.

Давта тима го почнаа натпреварот сосема рамноправно, иако Еурофарм Пелситер 2 на почетокот направи минимална предност од два разлика, сепак, во преостанатите минути постојано се играше гол за гол. Добрата игра во одбраната и нападот, на домаќините и гостите им донесе реми од 15-15 по првите триесет минути игра.

Во второто полувреме беше претставена речиси слична „битка“ како и во првиот дел, сепак, овој пат гостите ја искористија минималната предност над домаќинот и ја задржаа до самиот крај, за испишување на голема победа.

Мице Шилегов со седум гола беше најефикасен кај домаќините, додека кај гостите се истакна Емилијан Ѓорговски со девет гола.

Се вчитува...