Суперлига плеј-аут: Јуниор КВ го изненади Тиквеш, Радовиш подобар од Работнички, Младост лесно со Астраион

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода успеаја да го изненадат Тиквеш добивајќи го на гостинки терен со 29-31.

Радовиш во интересен натпревар беше подобар на домашен терен од Работнички со 27-24. Домаќините победникот го решија во првото полувреме кое го добија со 20-14. Во второто полувреме гостите се обидоа да се вратат, но не успеаја да стигнат до целосен пресврт. Ивица Илиев со 12 гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Тоше Ончев заврши со 13 гола.

Младост без проблеми славеше на домашен терен против аутсајдерот Астраион со 30-19. Микита Лашчакоу и Александр Лупашко со по шест гола беа најефикасни кај победникот.

Се вчитува...