Суперлига плеј-аут: Победи на Голден Арт КЛ 7, Прилеп и Тиквеш

Ракометарите на Голден Арт КЛ7 остануваат максимални во плеј-аутот, откако славеа над Младост 35-31. Кристијан Симоноски со десет гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Митко Караиванов со седум гола.

Во останатите два натпревари од денешната понуда, Тиквеш славеше на гостувањето кај Радовиш со 27-32, додека Прилеп беше сигурен со Јуниор КВ со 33-27.

Се вчитува...