Суперлига плеј-аут: Прилеп сигурен против Младост

Прилеп стигна до важен триумф на домашен терен над Младост од 29-23 во натпревар од шестото коло во плеј-аут фазата во домашната ракометна Суперлига.

Прилепчани одлично го отворија натпреварот и во ниту еден момент не дозволија да биде доведен до знак прашалник победникот на мечот. На полувреме имаа предност од плус шест 16-10, а до крајот рутински го приведоа дуелот за конечни 28-23.

Реваз Чантурија со седум гола беше прво име кај победникот, додека со истиот број погодоци заврши кај поразените Александр Лупашко.

Се вчитува...