Суперлига: Работнички тргнува од Куманово, МЗТ од Гевгелија

Македонската Кошаркарска Федерација и официјално го објави распоредот за Супер-лигата која ќе почне наредниот викенд. Во првото коло актуелниот шампион Работнички ќе гостува во Куманово, а МЗТ Скопје Аеродром игра нагости со Кожув. Во последниот меч од воведното коло во Гевгелија ќе се сретнат Блокотехна и Гостивар.

Најинтересни се очекува да бидат дуелите помеѓу минатогодишните финалисти Работнички и МЗТ Скопје . Првото „вечно дерби“ е закажано за 1. мај во рамки на 5. коло на кое домаќин ќе биде тимот од Аеродром, а реваншот во „Градски парк“ на програмата е на 18. мај во последното коло од Суперлигата.

По завршувањето на Суперлигата, следува плеј-офот во кошаркарското првенство, во кој ќе разигруваат четирите најдобри екипи.

Плеј-аут фазата исто така ќе се игра во периодот од 6. април до 18 мај.

Се вчитува...