Суслина: Четири години сум овде, дојде и денот за финале

EКИПА во Будимпешта,Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски

Ина Суслина имаше значаен придонес во фантастичното прво полувреме, откако руската голманка со три одбранети пенали ги фрли во очај ракометарките на ЧСМ Букурешт. Таа не го криеше воодушевувањето по големата победа и историскиот пласман на Вардар во големото финале од Лигата на шампионите.

Јас веќе четири години сум овде, знаев дека морам да играм еден ден и за европската титула, го заслужив тоа, не само јас, туку и сите ракометарки на Вардар. Да бидам искрена, пред овој натпревар бевме посигурни, Не бевме летнати во облаци, едноставно претчувствувавме дека ова ќе биде наш ден и сигурно ќе победиме. Не очекував дека ќе биде вака лесно, но видовте – сите одиграа фантастично. Најмногу ме радува што имаме борбен дух, јас се ежам кога ги гледам девојките како се борат за секоја топка. Борбеноста беше на највисоко можно ниво. Целта ни беше да загубиме што помалку топки, знаевме дека се ќе зависи од нас. Одигравме дисциплинирано, не им подаривме лесни голови и тоа во голема мера ни ја олесни задачата“ – истакна Суслина.

Русинката има исклучително високо мислење за Ѓер, тимот со кого „варарки“ утре ќе играат за титулата европски првак.

За мене лично ова ќе биде фантастично финале бидејќи извесно време немаме играно со Ѓер, а тоа е тим што многу го почитувам бидејќи има бројни врвни ракометарки во своите редови. Сега кратко ќе се радуваме, а од вечерва ќе почнеме да мислиме на Ѓер“ – истакна искусната руска голманка.

Се вчитува...