Суслина става крај – Утре го играм последниот меч во кариерата!

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б. Петрушева, Кристијан Димевски

Вардар повторно ќе го предизвика Ѓер во големото финале на Ф4 турнирот во Будимпешта, а утрешниот двобој ќе биде последен меч за руската голманка Ина Суслина во кариерата. Таа се надева дека ќе ја заокружи блескавата кариера со европска титула со Вардар.

„Искрено, како да знаев дека ќе стигнеме до победата, иако не сакам да го потценам Ростов Дон. Бевме многу мотивирани, затоа што ова ни се последни настапи заедно во дресот на Вардар. Одигравме борбено, мудро, и заслужено стигнавме до финалето. Јас утре ќе го играм последниот меч во кариерата, и тоа големо финале. Се надевам дека ќе ја освојам титулата со Вардар на моето збогување од ракометот“, изјави Ина Суслина.

 

Се вчитува...