Сусо пред преселба во Неапол?

По неколку неуспешни обиди да се доведе крилен офанзивен фудбалер во редовите на Наполи, претседателот Де Лаурентис одлучи да се насочи кон Сусо. Како што пренесуваат италијанските медиуми, второпласираниот тим во Серија А сака да ја активира клаузулата на играчот на Милан која изнесува 38 милиони евра.

Газдата на „наполитанците“ пред се сака да му исполни желба на тренерот Маурицио Сари, а неговиот услов за останување на „Сан Паоло“ е да се купат квалитетни фудбалери со кои би атакувал на „скудетото“. Симоне Верди од Болоња наводно е договорен, но потребен е фудбалер со карактериски какви што поседува Сусо. Во Наполи сметаат дека Сусо би можел одлично да се воигра со Мертенс и со Инсиње во нападот.

Шпанецот одлично се снајде на „Сан Сиро“ и веќе подолг период е во добра форма, заслужено доби повик од селекторот Хулен Лопетеги во шпанската селекција и најверојатно ќе биде меѓу оние кои ќе патуваат за мундијалот во Русија. Минатата сезона беше меѓу подобрите во тимот, па така беше награден со нов договор во кој беше вклучена и клаузулата од 38 милиони евра. Сусо е цел и на неколку други големи клубови, но Наполи засега е единствениот со конкретна понуда.

Се вчитува...