Суспендиран најпознатиот фудбалски менаџер во светот

Мино Рајола е еден од најпазнатите и најмоќни фудбалски менаџери во светот, а наскоро ќе се соочи со проблеми поради суспензијата која ја заработи од Фудбалската федерација на Италија.

Италијанската фудбалска федерација донесе одлука за суспензија на работата на Мино Рајола на три месеци, додека истата забрана само во рок од два месеци важи за неговиот роднина Винченцо Рајола. Тоа значи дека Рајола нема да може да продава фудбалери во италијанското првенство во следниот трансфер рок. Во одлуката не е образложена точната причина за пресудата, а не е ниту најјасно како сето тоа ќе изгледа во пракса.

Холанѓанецот со италијанско потекло има голем број славни фудбалски клиенти, меѓу кои и Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Марио Балотели, Марко Верати и Џанлуиџи Донарума.

Се вчитува...