Суспендиран спортски коментатор за несмасна изјава против Серена Вилијамс

Марк Дуе, коментатор на телевизиската станица Валон и познат поранешен возач, е на работ да ја изгуби работата откако неколкупати, според зборовите на неговите работодавци, кажал несоодветни коментари за легендарната тенисерка, Серена Вилијамс.

Американката, која има 23 Грандслем титули, беше специјален гостин на Астон Мартин на трката во Монте Карло. Вилијамс исто така доби можност да мавта со карирано знаме за да ја означи целта на трката.

„Серена мавта со нешто поразлично од она на што сме навикнати денес“, беше првиот коментар на Дуо.

Поради тоа беше спроведена внатрешна истрага и беше одлучено да биде суспендиран Дуе. Не помогнаа ниту зборовите за извинување од поранешниот возач, кој славеше четири пати на трката „24 часа на Нирбургринг“ во текот на 90-тите.

„Се извинувам заради навредите. Тоа не беше мојата намера во ниту еден момент“, рече Дуе.

 

 

 

 

Се вчитува...