Суспендирана 29. тенисерка во светот

Украинската тенисерка Дајана Јастремска привремено е суспендирана поради кршење на антидопинг правилата, објави меѓународната тениска федерација (ИТФ).

Во нејзиниот примерок на мокрача од 24. ноември пронајдена е забранета супстанца, па поради тоа е обвинета за кршење на членот 2.1 од антидопинг правилата.

На 29. тенисерка во светот, во крвта и е најдено присуство на метаболит местеролон, супстанца која се наоѓа на листата забранети. Тоа не е крајот на проблемите на Јастремска бидејќи по пристигнувањето во Дубаи таа беше позитивна на коронавирус.

Се вчитува...