Суспензијата останува на сила – Платини одбиен по петти пат

Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ја одби жалбата на поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини на четиригодишната суспензија која му е досудена бидејќи примил два милиони долари од страна на ФИФА.

„Судот утврди дека имајќи ги предвид видот и озбилноста на непримерното однесување и положбата која ја имал Платини во водечките тела на УЕФА и потребата да се врати угледот на спортот и на ФИФА казната не е претерана и е праведна“, стои во соопштението од судот во Стразбур. 

Ова е петти пат Платини да изгуби правна битка откако етичкиот и одборот за жалби во ФИФА, како и спортскиот суд за арбитража и врховниот суд во Швајцарија изнесуа докази дека случајот против Французинот бил праведен.

Се вчитува...