Свечено отворено Светското првенство 2026!

Со свечена церемонија и со многу уметничко-забавна програма, свечено е отворено новото Светско првенство кое ќе се одржи во Мексико, САД и Канада. На стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити кој е обоен во зелено, вечерва првенството ќе го отворат Мексико и Јужна Африка.

„Добредојдовте во Мексико“, рече водителот

„Мексико ве пречекува со насмевки и срца, ние сме нација на различност, наследство, гордост. Фудбалот го носи истото чукање на срцето. Ги обединува генерациите. Трофејот не го дефинира еден играч или нација, туку сите“, се слушаше од звучникот, додека огромна реплика од трофејот ротираше во центарот на теренот.

По настапот на латино ѕвездите, на ред дојде и познатата Шакира. Таа ја изведе „Let’s go“, официјалната песна на првенството.

Сега на теренот се фудбалерите на Мексико и Јужна Африка, кои ќе го отворат првенството.

Се вчитува...