Светот на кошарката не памети вакво нешто: Србија ја победи Албанија со 105 поени разлика

Ширум Европа денеска се играат квалификациите за пласман на Европското првенство во женска конкуренција. Најинтересниот резултат доаѓа од Албанија каде домаќинките загубија од Србија со нереални 105 поени разлика (34-139).

По четвртини сето тоа изгледаше: 15-36, 8-38, 4-32, 7-33. Најефикасна кај Србинките беше Николина Милиќ со 24 постигнати поени, додека Јована Ногиќ запиша 20 поени.

Србинките се на првото место во Групата Е со две победи од исто толку натпревари.

Вечерва во квалификациите и македонските кошаркарки ги очекува пресметката со Летонија на домашен терен. Во првиот натпревар од квалификациите Македонија загуби убедливо на гостувањето во Германија.

Се вчитува...