Светот се сеќава на смртта што ја потресе Каталонија, се уште болат солзите на Меси и соиграчите (ВИДЕО)

На денешен ден се навршуваат точно осум години од смртта на поранешниот тренер на Барселона, Тито Виланова. Две години се бореше со ракот на плунковните жлезди, но за жал не успеа да ја добие најважната битка во животот.

На клупата на Барселона беше од 2007 година, најпрвин како помошник на Пеп Гвардиола, а подоцна стана тренер на клубот од „Камп Ноу“. На пошироката јавност и стана познат по конфликтот со Жозе Мурињо на „Ел Класико“.

Виланова ја презеде Барселона во 2012 година, но во декември истата година мораше да се лекува поради болест, а неговата улога ја презеде помошникот Жорди Роура. Виланова се врати на клупата во март, а титулата во Примера беше освоена.

За жал, во јуни 2013 година беше принуден да поднесе оставка од тренерската функција бидејќи болеста напредуваше. Тогаш Виланова се лекуваше во Њујорк, каде во исто време живееше и Пеп Гвардиола, кој паузираше од тренерската работа. Тито бил тажен што неговиот пријател Пеп никогаш не го посетил за време на неговото лекување.

„Тој ми е пријател и ми требаше, но не беше тука за мене“, изјави тогаш Виланова.

Откако одекна веста дека Тито починал, цела Каталонија тагуваше и се зави во црно. Меси и соиграчите се испратија со нивниот тренер на последната комеморација посветена на него, а нивните солзи и ден денес потсетуваат на големата љубов кон Виланова.

 

Се вчитува...