Светот во неверување: „Зар е можно да е толку брз Мбапе?“ (ВИДЕО)

Килијан Мбапе беше херојот на триумфот на разнишаниот Пари Сен Жермен. По болната елиминација на стартот од нокаут фазата од Лигата на шампионите, фудбалерите на Пари Сен Жермен со мака забележаа триумф на гостувањето кај Брест (1-2).

Богатите парижани одиграа уште една во низата слаби и неубедливи партии, но на крајот успеаја да стигнат до трите бода благодарение на индивидуалниот квалитет на првата ѕвезда на тимот Килијан Мбапе.

Бледиот ПСЖ поведе со голот на Солер во 37. минута, а Онорат израмни за домашните во 44. минута. Во преостанатиот дел од натпреварот ПСЖ се обидуваше да се закани кон голот на Брест, но немаше реални шанси, се до 91. минута кога Мбапе по еден контранапад го матираше голманот на домаќините.

Од шеснаесетникот ПСЖ тргна во неверојатен контра напад против гостите. Меси испрати одлична топка до Французинот, кој по неверојатен спринт го совлада голманот на Брест и му донесе три бода на својот тим.

 

Се вчитува...